Благој Милановиќ нов директор на ЈПЕД „Струмица Гас“

13 Август 2017

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, за вршител на должноста директор на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица Гас“, го именува Благој Милановиќ, вработен во оваа јавно општинско претпријатие.

Милановиќ доаѓа на местото на Зоран Китанов, кој со оваа претпријатие управуваше од самото основање, а сега е директор на Јавното претпријатие за државни патишта, именуван од Владата на Република Македонија.