66 години од убиството на 5-те струмички студенти

13 Август 2017

66 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот режим, беа одбележани утринава со Панихида на струмичките градски гробишта, а пред Споменикот во малиот Градски парк беше положено свежо цвеќе од членови на семејствата на убиените студенти, локалната самоуправа на општина Струмица, државни институции, политички партии, делегации на Здружението на политички затвореници од Скопје и неколку градови од југоисточниот дел на државата и од граѓани на Струмица.

Претседателот на Здружението на политичките затвореници, Никола Андонов, во своето обраќање пред Споменикот на петте студенти, говореше за грозоморниот настан кога се убиени струмичките студенти, на 13 август 1951 година.

Студентите, чија цел била слободна и независна Македонија, биле стрелани кај селото Орманли на планината Беласица, дваесеттина километри од Струмица. Образложението на тогашната власт било дека студентите работеле против комунистичкиот режим и дека илегално се обиделе да ја преминат границата и да побегнат во Грција.

ФОТОГАЛЕРИЈА