Дино Мерлин е во Струмица, градоначалникот Костадинов го угости

12 Август 2017

Балканската мега ѕвезда Дино Мерлин е во Струмица. Тој во недела е дел од завршната вечер на годинашното издание на „Струмица ОПЕН Фестивал“.

Сместен е во хотелот „Сириус“, а таму го пречекаа градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и организаторот на СОФ, Петар Божинов.

Дино во недела со свој двочасовен концерт на големата „опенфестовска“ сцена на Струмичкиот плоштад, кој според програмата, започнува во 23:35 часот.