Филмска бркотница низ Струмица: Бегале од полицијата, две лица повредени од огнено оружје

11 Август 2017

Денеска околу 12:40 часот, по претходна пријава за обид на кражба во близина на браната Мантово, полициски службеници се обиделе да запрат возило „Опел Фронтера“ со словенечки регистарски ознаки, управуван од 17-годишниот Т.Д., а во возилото биле уште 4 лица - дознава Радио СтрумицаНет од полициски извори.

Според нашите информации, Т.Д. ја игнорирал наредбата и наместо да го запре возилото, со голема брзина се упатил кон Струмица, а две полициски возила се упатиле по него. На излезот од Струмица, кај Градската капела го запреле возилото. Кога полициски службеник се приближил кон возилото, возачот Т.Д. го нападнал полицаецот при што тој испукал куршум, од кој се повредедни две лица, Т.Д. и А.Ѓ., кои веднаш се пренесени во Струмичката болница. Т.Д. поради сериозноста на повредите веднаш е префрлен на Ургентен центар во Скопје.

Увидот сеуште е во тек, а на лице место вршат увид Јавен обвинител, екипа од МВР Скопје, а вклучената е и Внатрешната контрола на МВР.