Насмеани и весели лица на синоќешната „опенфестовска“ вечер

11 Август 2017

„Струмица Опен Фестивал“ успешно ги забавува струмичани во ноќните часови во прекрасниот амбиент во големиот парк.

Синоќешните настани во Амфитеатарот и покрај езерцето поминаа во знакот на хуморот и сатирата. Афористичари од Македонија и Србија ги засмеваа струмичани. Насмеани и весели лица, седнати на тревата покрај самото езерце ги слушаа афоризмите интерпретирани од Владица Миленковиќ, Љупка Цветанова, Јане Атанасов, Ленче Стоименова, Ристо Филчевски и Ацо Ѓоргиев.

Смеењето продолжи и во Амфитеатарот со „стендап“ комедијата на Никола Тодороски, познат стендап комичар кој зад себе има реализирано бројни успешни настапи во Македонија, Балканот и Европа.

ФОТОГАЛЕРИЈА од Вечер на Афоризми

ФОТОГАЛЕРИЈА од Stand up comedy со Никола Тодороски