Ден Дончев ќе управува со Фондот за здравствено осигурување

10 Август 2017

Струмичанецот Ден Дончев, член на ВМРО Народна партија е именуван за директор на Фондот за здравствено осигурување.

Дончев е роден 1966 година во струмичко Ново Село и е Магистар по економски науки. Живее во Скопје.

Дончев на изборите на 11 декември беше носител на листата во првата Изборна единица од коалицијата „ВМРО за Македонија“. Тој е поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на Телеком.