Жанета Багарова нов директор на Струмичкиот затвор

10 Август 2017

Владата на Република Македонија синоќа за вршител на должноста директор на Казнено-поправната установа „Затвор Струмица“, ја именува Жанета Багарова, која доаѓа на местото на досегашната директорка, Тања Достинова Запрова.

Владата на седницата го именува и советникот во Советот на општина Струмица, Борче Хаџиев за вршител на должноста директор на Фондот за осигурување на депозити, а Верица Узунова, актуелен директор на ЈП „Паркиралишта Струмица“ е претседател на Надзорниот одбор на АД Електрани на Македонија - ЕЛЕМ.