Девојката со моќниот глас ечеше во Струмичкиот парк покрај езерцето

10 Август 2017

Ѕвездата на Струмица, миленичката и на помладата и на постарата генерација, девојката со моќниот глас, струмичанката Александра Јанева, синоќа покрај езерцето во големиот Градски парк, го одржа својот втор солистички концерт насловен „Александра Јанева & friends“.

Прекрасниот амбиент, направен од организаторот на концертот „Струмица Опен фестивал“, прекрасната тивка ноќ, големиот број народ од различна возраст, нејзините гости - пејачи, нејзината интерпретација, создаде пријатна атмосфера за уживање и слушање на домашна и странска поп-рок музика, предизвикувајќи бурни емоции кај публиката, која во еден глас пееше со неа. Пееја и со нејзините пријатели, Ристо Самарџиев, Антонија Гиговска, Панче Илиев Касапски, Иле Спасев и 2BE.

ФОТОГАЛЕРИЈА