СОФ2017: Вечерва е концертот на Александра Јанева и пријателите

09 Август 2017

Струмичанката Александра Јанева вечерва ќе одржи свој концерт на 8-от ден од културно-уметничка и забавна манифестација „Струмица ОПЕН фестивал“.

Проектот насловен како „Александра Јанева & Friends“, е еден од настаните кој го привлекува вниманието на посетителите на шестото издание на фестивалот. 

По спектакуларниот солистички концерт во 2016 година и изборот за Личност на годината во Струмица, актуелната поп-пејачка ќе одржи нов концерт. Двочасовното музичко уживање во градскиот парк покрај езерцето ќе започне од 22:00 часот.

Еден од специјалните гости на сцената крај езерцето ќе биде авторот на евергринот „Врати ми го сонцето“ и долгогодишен пејач, Ристо Самарџиев.  Вечерта за првпат на иста сцена ќе се обединат Александра, Ристо и ѕвездичката Антониа Гиговска, која се прослави токму со изведба на нивната победничката песна од „Макфест 2013“.

Освен нив двајцата, како гости ќе настапат 2BE, Панче Илиев, Иле Спасев и Филип Пешевски.

Хитовите „Еве ме пак“, „Врати ми го сонцето“, „За сто години“, „Најмило мое“, „Солза за крај“, „Зошто баш ти“ и многу безвременски песни во уникатна изведба пред струмичката публика на фестивалот направен со љубов.

До 13 август во Струмица ќе настапат и Браќата Тавитјан, Дани Димитровска и балканските ѕвези Дино Мерлин, Јелена Розга, Галија, Ван Гог, Сергеј Цетковиќ, Јелена Томашевиќ и Жељко Бебек.