Раде Цицмиловиќ повторно на кормилото на ФК „Беласица“

08 Август 2017

Раде Цицмиловиќ повторно е назначен за шеф на стручниот штаб на ФК „Беласица“ Струмица. Тој ја доби довербата од раководството на клубот да ја води Беласица во новата сезона. Целта и амбициите на клубот се влез во Прва лига.

„Голема чест и задоволство ми претставува што повторно се враќам во ФК „Беласица“. Целта на клубот е влез во Прва Лига. Средината и играчите ми се добро познати. Ќе дадеме се од себе за „Беласица“ да ја внесеме во Прва лига, затоа што клубот и градот го заслужуваат тоа. Истото го ветив првиот пат кога бев овде, истото го ветувам и сега, бидејќи се работи за еден доста амбициозен клуб и амбициозен претседател. ФК „Беласица“ ги има убедливо најдобрите услови за работа во Македонија“ - изјави Цицмиловиќ.