Невенка Стојанова нов директор на Струмичката гимназија

08 Август 2017

Невенка Стојанова, професор по англиски јазик во СОУ „Јане Сандански“ во Струмица е именувана за вршител на должноста директор на оваа образовна институција од страна на градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Стојанова доаѓа на местото на Вања Изова Велева, која со Струмичката гимназија управуваше 8 години, а деновиве е поставена за директор на Педагошката служба во Министерството за ообразование и наука во Скопје.