Дени Перов е најбрзиот келнер, заработи дневница од 12.000 денари

07 Август 2017

Вистинска летна забава направија 16-мината келнери од Струмица и Гевгелија во Градскиот парк, на 8-от натпревар за најбрз и највешт келнер, „Трка на келнери 2017“, што се одржа вечерва во рамките на „Струмица Опен Фестивал“.

Дени Перов од „Happiness“ е најбрзиот келнер кој заработи „келнерска“ дневница од 12.000 денари, a му ја врачи покровителот, градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Зад најбрзиот келнер Дени, беа Иле Василев од „Concept“, кој доби ваучер од 8.000 денари и Трајче Николов од „19-ка“, кој со третото место си освои 6.000 денари.

ФОТОГАЛЕРИЈА