Мурињо: Се надевам дека Горан Пандев ќе дојде во Скопје за натпреварот

07 Август 2017

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо за првпат е во Македонија и се надева дека нашиот главен град ќе му донесе среќа да го освои првиот Суперкуп на Европа во неговата кариера. Португалецот одговараше на бројните новинарски прашања на официјалната прес-конференција пред тренингот на „црвените ѓаволи“.

Одговарајќи на прашање на Зоран Мишевски од Gol.mk, Португалецот се осврна на Горан Пандев и можноста да го види утре во Скопје, иако тренерот Горан Јуриќ не му дозволува да дојде во Скопје како амбасадор на УЕФА, заради професионалните обврски.

„Не сакам да се ставам во позиција мојот колега од Џенова да ми рече дека ова не е моја работа. Ако кажам што било, Јуриќ има право да ми рече, Жозе, грижи си се за Манчестер, бидејиќ во Џенова – јас сум главен. Едиствено што можам да кажам е дека Горан е веројатно најдобар фудбалер во историјата на оваа земја, а ова е посебен момент за оваа земја. Приватните авиони прават чуда. Би можел Пандев да дојде само за мечот и да си замине веднаш потоа. Но, тоа е нивна одговорност и не ги критикувам“, смета Мурињо.

Превземено од Gol.mk