СОФ2017: Четкар вечерва првпат во Струмица

07 Август 2017

„Струмица ОПЕН фестивал“ по четврти пат ја активира џез сцената во прекрасниот амбиент на големиот Струмички парк.

Годинава ќе гостува џез музичарот, композитор и гитарист со светска кариера Владимир Василевски - Четкар. Настанот е поддржан од Амстел.

Музичките критичари за него даваат спектакуларни критики и го позиционираат како еден од најнадежните имиња во џез - соул и фанк жанрот во светот. Тој е активен изведувач во живо и учествувал на разни меѓународни фестивали и клубови низ Европа и САД.

Неговиот концерт кај Чешмичката ќе започне од 22:00 часот, по завршувањето на Трката на келнери која ќе се одржи на истата локација од 20:00 часот.

Со овие два настани ќе се заокружи петтиот ден од 11-дневната културно-уметничка, едукативна и музичка програма на СОФ.