Струмичките риболовци домаќини на меѓународен Куп натпревар на Водоча

06 Август 2017

Во организација на Спортско-риболовниот клуб „Трофеј“ од Струмица, денеска на Браната Водоча во близина на Струмица, се одржа Меѓународен Куп натпревар - лов на риба, на кој учествуваа 11 екипи од Македонија, Бугарија и Србија.

По успешниот лов на сите екипи, во ресторанот „Летница“ беа доделени наградите на најдобрите во поединечна и екипна конкуренција, а забавата и заедничкото дружење продолжи до доцните попладневни часови.