СОФ 2017: Влатко Стефановски одржа час по гитара

06 Август 2017

Во преполна сала најпознатиот македонски гитарист, Влатко Стефановски ги почести младите гитаристи со свој едночасовен мастер клас.

Влатко Стефановски беше специјален гостин-предавач на последниот ден од четвртата Летна школа за гитара, која се одржува во Струмица од 4 до 6 август.

На присутните во концертната сала во ОМУ „Боро Џони“ во Струмица, гитаристот им зборуваше за неговиот 40-годишен пат, споделуваше трикови, пееше, свиреше и расположено разговараше со посетителите.

Вечерва на програмата на фестивалот е завршниот концерт на учесниците од Летната школа за гитара предводени од м-р Васко Пиличев и м-р Дејан Лазаревски. Настанот ќе започне од 21:00 часот во Летниот амфитеатар.

Втор настан за денес е концертот на лицата со телесен инвалидитет – Мобилност од 22:00 часот на сцената кај Чешмичката.