Вања Изова Велева ја напушта директорската фотелја на Струмичката гимназија

05 Август 2017

Директорката на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица, Вања Изова Велева е именувана за директор на Педагошката служба при Министерството за образование и наука.

Изова Велева сеуште е директорка на Струмичката гимназија. Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, под чија надлежност е изборот и разрешувањето на директори на основните и средните училишта во општината, не ја разрешил, ниту пак именувал вршител на должноста директор на местото на Изова Велева.

Засега, за нов директор на СОУ „Јане Сандански“ се шпекулира името на професорката по англиски јазик, Невенка Стојанова.