СОФ2017: Италијанска вечер со Васил Гарванлиев

04 Август 2017

Концерт со оперскиот пејач, струмичанецот Васил Гарванлиев, во рамките на „Струмица ОПЕН Фестивал“, поддржан од Италијанската амбасада во Република Македонија, со цел да се промовира италијанската култура, главно преку изведба на италијанска музика.

Баритонот Васил Гарванлиев, кој има завршено високо музичко образование во Италија, вечерва во Амфитеатарот ја разнежни струмичката публика со својата карактеристична и моќна изведба на италијански поп и наполетан песни, како и популарни оперски дела.

ФОТОГАЛЕРИЈА од концертот на Васил Гарванлиев