Струмица доби модерен Мега комплекс, единствен од ваков тип во државата

20 Јули 2017

Синоќа во некогашниот магазински простор на компанијата „Југопромет“ во Струмица, беше пуштен во употреба модерен Мега Комплекс, единствен од ваков тип во градот и во државата, зад кој стои познатата Струмичка компанија „Киси Трејд“ и семејството Стојанови.

Станува збор за маркет по светски стандарди, со разновидни прехранбени производи по цени достапни за сечиј џеб, со сопствена месарница, рибарница, пекара, посебен дел за свежо овошје и зеленчук, а допрва и „Џус бар“ за потрошувачите. Тука е и првиот Италијански ресторан во Струмица „Basilico“, со единствена кујна која ја нуди магијата на апенините.

Освен широкиот избор на прехранбени производи и услуги со цени кои деновите, поради отворањето на Мега Комплексот ќе се движат со попуст од 10% до 50%, во рамките на овој проект е и „Home Center“, каде буквално имате се за вашиот дом, почнувајќи од летни гарнитури за вашите дворови и тераси, се за вашата кујна, преку разновидни украси, производи од домашно и странско производство.

Доколку сте со вашето семејство, за вашите деца е обезбедена „Kids зоната“, каде ќе се забавуваат додека вие пазарувате во семејниот маркет. Заради комфорот кога пазарувате, обезбеден ви е и бесплатен паркинг простор.

- Киси Трејд“ е компанија која стои зад овој проект, кој е плод на повеќе од 25-годишно работење и искуство. Ние, персоналот на „Киси Трејд“, сите овие изминати години повеќе слушаме од вас, отколку што сакавме да наметнеме начин на продажба со кој потрошувачот само кратко ќе се почуствува ценет. Затоа оваа денес е проект кој ние без вас немаше да можеме да го реализираме - рече во своето обраќање пред присутните, Стојна Копачева, менаџер во компанијата.

Пограј голем број граѓани, потрошувачи, деловни партнери, на свеченоста по повод отворањето на Мега Комплексот, присуствуваше и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

ФОТОГАЛЕРИЈА