Во Струмица ќе се поставуваат контејнери за стаклен отпад

17 Јули 2017

Во заедничка соработка меѓу ЈПКД „Комуналец“ Струмица и фирмата „Пакомак“ од Скопје, одговорна за отпад од пакување, од утре, ќе започне поставувањето на контејнери наменети исклучиво за отпад од стакло.

Од „Комуналец“ информираа дека ќе бидат поставени вкупно 15 контејнери на 15 локации, односно, пред ресторани и хотели, каде што и најмногу го има отпадот од стакло.

Целта на поставувањето на ваквите контејнери е да го намали стаклениот отпад на депонијата.