Власис Влаикидис повторно ќе го води Кошаркарскиот клуб Струмица

16 Јули 2017

Во прволигашкиот Кошаркарскиот клуб „Струмица“ се враќа 52-годишниот Власис Влаикидис, човекот кој на градот Струмица му ја подари првата кошаркарска шампионска титула - пишува www.sportmedia.mk.

Влаикидис е од Грција и има завршено Факултет за физичка култура во Нови Сад, во класата на еден од најпознатите српски тренери Душан Ивковиќ, каде специјализирал на отсекот кошарка. По тригодишната работа во Војводина од Нови Сад, Влаикидис, како асистент на Србинот, Драган Шакота во солунски ПАОК, во 1991 година го освои Купот на победниците на куповите. Потоа пет години му бил помошник на Жељко Павличевиќ во Панатинаикос.

Новиот-стар тренер на Струмица има работено и во повеќе второлигашки клубови во Грција, но сепaк врвот на неговата кариера беше токму освојувањето на шампионската титула со КК Струмица 2005.

Неговата промоција треба да се случи во текот на оваа седмица, но јасно е дека Струмица „врти нова страница“ во своето „секојдневие“, а првиот потег е токму именувањето на грчкиот стручњак во шеф на стручниот штаб - пишува www.sportmedia.mk.