Вардарци се во Струмица каде во вторник ќе играт со Малме

16 Јули 2017

Македонскиот фудбалски првак Вардар пристигна во Струмица, каде ќе се одигрува реванш натпреварот од квалификациите во Лигата на шампионите против Малме. „Црвено-црните“ имаат позитивни 1:1 против фаворизираниот шампион на Шведска.

Стадионот „Младост“ ќе биде местото каде Вардар во вторник, од 18 часот ќе го игра возвратниот дуел. На нашиот првак доволно му е да одигра и без погодоци, за да помине понатаму.