Во Струмица наврнале 15 л/м² дожд, утрово температура од 18 степени

16 Јули 2017

Синоќа во Струмица наврнале 15 л/м² дожд, а температурата во 08:00 часот изнесувала 18 степени.

Денеска е облачно и свежо, со повремени врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30 л/м2). Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови, каде количината на наврнат воден талог може да биде и поголема. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во текот на денот ќе се движи од 17 до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Локални врнежи од дожд се уште ќе има и утре претпладне. Во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во петок ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.