Значителна промена на времето: нестабилност, пообилни врнежи, заладување

15 Јули 2017

Попладнево, претежно во јужните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со пообилни врнежи, услови за појава на град и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, особено во југоисточните делови.

Во овие моменти нестабилно е во подрачјето на Берово-Пехчево, како и во јужниот дел од Преспа и повторно во Мариово. Во Струмица е сончево со температура измерана во 17:30 часот од 31 степен.

До крајот на денот облачноста ќе се зголемува во целава земја, а нестабилно со дожд и грмежи ќе биде и во вечерните и ноќните часови, особено во југоисточните делови, каде има услови процесите да бидат поинтензивни со пообилни врнежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено и засилен северен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Oблачно и свежо, со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 13 до 19, а максималната во текот на денот од 17 до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне. Во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во петок ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.