Костадинов одржа работна средба со претставници на повеќе институции за реконструкција на стадионот „Младост“

14 Јули 2017

Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, денеска во својот кабинет, одржа работна средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, претставници на Фудбалската федерација на Македонија, ЕВН Македонија, Секторот за внатрешни работи – Струмица, Секторот за урбанизам и комунални дејности на општина Струмица и концесионерот на стадионот „Младост“, а на кој се разговараше за реконструкција, односно, изградба на нови трибини и дополнително осветлување.

На средбата се разговараше и за подготвителните активности за натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Албанија кој што ќе се одржи на 5-ти септември годинава на стадионот „Младост“ во Струмица.