„Летница“ во ново руво „La Terazza Restoran Letnica“

13 Јули 2017

Познатиот струмички бренд во угостителството, ресторан „Летница“, кој веќе 20 години ги опслужува љубителите на вкусната храна, од синоќа во нов прекрасен амбиент, но и со дополнител простор, летна тераса „La Terazza Restoran Letnica“.

Уреден во модерен стил и доза на традиција, ресторанот нуди атмосфера за сите оние гости што сакаат да се чувствуваат пријатно и опуштено во кој било период од денот.

Освен самопослужување на храна во претпладневниот период од денот, одсега ресторанот „Летница“ во центарот на Струмица ќе работи и во ноќните часови, со подготвување на разнодни јадења, предјадења, скара, салати, десерти, освежување со пијалоци, а за време на викендите и музика во живо за пријатно расположение додека ги вкусувате специјалитетите од кујната на „Летница“.

20-годишно искуство во угостителството, максималната посветеност и желбата за задоволни клиенти се клучот за нивниот успех во работењето. Во „Летница“ гостите имаат можност да уживаат во највкусната храна приготвена од вистински мајстори во кулинарството во најсовремена кујна по сите светски стандарди и да бидат беспрекорно услужени од професионален персонал.

„La Terazza Restoran Letnica“ ве очекува на доручек, ручек, вечера, но и организирање на вашите семејни веселби...

ФОТОГАЛЕРИЈА