Неколку населени места во Струмичкиот регион утре без струја

13 Јули 2017

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека утре, (петок, 14 јули), ќе има прекин на електричната енергија во неколку населени места во Струмичкиот регион, и тоа: од 08:40 до 09:30 часот без електрична енергија ќе останат: Ново Село, Смолари, Дражево, Старо Коњарево, викенд населба Соковче, Фотоволтажен парк Смолари и околината, а од 08:45 до 15:00 часот: Сачево, Индустриска зона Сачево, кратко исклучување на Едрениково, Робово, Муртино, Градско Балдовци.