ВИДЕО од пожарот на планината Еленица снимено од дрон

13 Јули 2017

Преку видеото и фотографиите на Александар Дончев, снимени од дрон, погледнете како изгледаше вчера опожарената Еленица, над населените места Баница и Водоча.

Инаку, пожарот денеска е ставен под контрола. Во текот на ноќта патролираа екипи во Баница и на потегот од Попчево до браната Водоча, а уште од раните утрински часови 25 пожарникари, 15 вработени од ЈПКД „Комуналец“ и 12 од подружницата на ЈП „Македонски шуми“ се на терен и ја контролираат состојбата.

Според информациите од Кирил Парталов командант на Општинскиот штаб за заштита и спасување, состојбата постојано се следи и контролира и во континуирана координација се сите надлежни органи за дејствување во вакви ситуации.