Исчезнати 14-годишна девојка и 40-годишна жена од струмичко

13 Јули 2017

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:00 часот, 14-годишна девојка од Старо Балдовци се оддалечила од својот дом и заминала во непознат правец и сеуште не се вратила. По пријавата од нејзините родители, СВР Струмица превзема мерки за нејзино пронаоѓање.

Истиот ден, во 11:30 часот во полициската станица во Струмица е пријавено дека 40-годишна жена од Нова Маала, во вторникот околу 11:00 часот ја напуштила куќата и заминала во непознат правец. Исчезнувањето го пријавило нејзиниот сопруг. Се превземаат мерки за нејзино пронаоѓање - информираат од СВР Струмица.