Еленица сеуште гори, пожарникарите дежураат

12 Јули 2017

Пожарот кој денеска околу 13 часот избувна на планината Еленица, во близина на селата Баница и Водоча сеуште гори, кон повисокиот дел на Еленица.

Попладнево се приближи на 30-тина метри од последните куќи на селото Баница, но Противпожарната единица на Струмица го локализираше, не дозволувајќи огнените јазици да дојдат до куќите.

Вечерва гори кон браната Водоча, но со слаб интензитет. Дежурни екипи на Противпожарната единица, од двете страни на Еленица вечерва остануваат на теренот за да го контролираат движењето на пожарот.

Уништена е голема површина од нискостеблеста шума.

ФОТО: Александар Дончев