Пожарот беснее во близина на Баница се шири кон браната Водоча

12 Јули 2017

Голем шумски пожар веќе три часа беснее во непосредна близина на селото Баница. Сите екипи со противпожарни возила и дополнителна опрема се на местото и се обидуваат да го локализираат пожарот, кој со голема брзина се шири кон селото Баница, но и нагоре по планината Еленица кон браната Водоча.

Општинскиот кризен штаб на Општина Струмица е во комункиација со Дирекцијата за заштита и спасување за можно ангажирање на хеликоптер за гаснење на пожарот и дополнителни сили за справување со пожарот и негово локализирање и гаснење.

Ситуацијата на терен ја следат градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и командантот на Општинскиот кризен штаб, Кирил Парталов, кој не информира дека се во комуникација и со Противпожарните единици на Валандово и Радовиш за евентуална помош и од нивна страна. Освен пожарникарите на терен се и неколку вработени од Подрачната единица на ЈП „Македонски шуми“.