Викендот промена на времето, поројни дождови и посвежо

12 Јули 2017

Утре ќе се задржи и понатаму многу топло, а од пладневните часови ќе дува северозападен ветер, кој на север и вдолж Повардарието ќе засилува. Претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Од петок попладне, преку ноќта и во сабота ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови.

Во недела во претпладневните часови врнежите ќе завршат, а овој ден ќе биде најсвеж во периодов со температура која на повеќето места нема да надмине 30 степени. Од понеделник температурите повторно благо ќе се покачуваат.