Танчо Пројковски нов началник на СВР Струмица

11 Јули 2017

Со одлука на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за нов началник на Секторот за внатрешни работи во Струмица е именуван Танчо Пројковски. Претходно од оваа функција е разрешен Ѓорги Божинов.

Новиот началник на Струмичката полиција, Пројковски, претходно работел како инспектор во Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје, а во периодот додека Спасовски беше привремен министер во техничката Влада, Пројковски ја извршуваше функцијата помошник началник на СВР Струмица.

За помошник на началникот Пројковски е именуван Жан Зимбаков, кој доаѓа на местото на Трајан Николов.