Продолжено работно време за издавање пасош и лична карта, до 20 часот

10 Јули 2017

Отсекот за управни работи за издавање лична карта и пасош при СВР Струмица, од денеска, па заклучно до 31 август годинава, ќе работи во две смени, односно со работно време од 08:30 до 20:00 часот - информираат од Министерството за внатрешни работи. Освен во Струмица двосменско работење има и во секторите за внатрешни работи во градовите Куманово, Битола, Велес, Охрид, Тетово и Штип.