Џамбо Агушев и како актер во полски филм за Ромите во светот

10 Јули 2017

Деновиве во градот Грозов, Полска, струмичанецот Џамбо Агушев снима филм посветен на животот на Ромите во светот. Овој пат, освен како свирач, Џамбо и како актер кој ја игра главната улога во филмот што ќе биде премиерно прикажан на фестивалот „Ромски денови“.

„Јас и најпознатиот полски телевизиски водител, Томаж Камел, ги толкуваме главните улоги во овој филм, а дел од него ќе бидат и други музичари од повеќе земји. Филмот се снима на ромски и на полски јазик, а неговата промоција ќе се одржи наскоро во Грозов. Во план е и претставување на филмот во Македонија. Инаку, за мене ова е едно ново, позитивно искуство и навистина уживам во снимањето, но и во глумата“ - вели Џамбо.

Претходно музиката на Џамбо Агушев се најде и во корејско-американскиот филм „Окџа“, кој деновиве беше промовиран. Во филмот преовладуваат звуците на трубата на Џамбо и на други дувачки инструменти, проткаени со звукот на тапанот.