Изгаснат пожарот кај Куклиш

10 Јули 2017

Цели три часа го гаснеле пожарот кај Куклиш десеттината пожарникари од Противпожарната единица на Струмица. Запалената депонија од страна на несовесни жители дозволиле да се прошири огнот низ пластениците со земјоделски градинарски култури и се проближил на десеттина метри од последните куќи во селото Куклиш. Сепак струмичките пожарникари контролирано успеале да го изгаснат огнот и да не дојде до куќите во селото. Направена е материјална штета на земјоделски култури. Полицијата дополнително ќе утврдува кој несовесно го запалил огнот во депонијата и го оставил да гори на овие високи температури од 40 степени.