Загина 19-годишно момче во сообраќајка кај Дабиле

23 Јуни 2017

Утринава околу 03:30 часот на патот Дабиле - Петралинци кај мостот, автомобил „Голф 4“ во кој се наоѓале две лица, управуван од 19-годишен струмичанец, од засега непознати причини излетал од мостот во каналот, при што на лице место починало 19-годишно момче кое било на совозачкото седиште, додека возачот се здобил со тешки повреди.

При извлекувањето на лицата од уништениот автомобил интервенирала Противпожарната екипа на Струмица. Полицијата врши увид за причината на сообраќајката. Повеќе информации од СВР Струмица во текот на денот.