Дино Мерлин, Жељко Бебек, Тавитјан на „Струмица Опен Фестивал“

19 Јуни 2017

На 3 август започнува „Струмица Опен фестивал“. Манифестацијата ќе трае 10 дена. Шестото издание на фестивалот ќе се одржи на пет сцени и во  20 настани ќе настапат 80 артисти - информираше денеска организаторот на првата прес конференција.

Музичкиот дел на фестивалот започнува во петок, на 11 август со настап на Гаро и браќата Тавитјан со специјалните гости од Балканот – Сергеј Четковиќ, Жељко Бебек и Јелена Томашевиќ. познатиот бенд уште од екс-ју просторите Галија, а со електронска музика, точка на првата музичка вечер ќе стават Александар Гaлоски и „Пата Пата рекордингс“.

Во сабота настап ќе има поп-пејачката Дани Димитровска, рок составот „Ван Гог“ и хрватската пејачка Јелена Розга.

На затворањето на фестивалот, недела 13 август, ќе настапат, Нино Величковски, Queen Real Tribute, електронското дуо Disconnected и Cyrillic, а честа да го затвори фестивалот ќе ја има босанката музичка легенда и еден од најпознатите балкански кантавтори Дино Мерлин.