Никола Секулов стрелец и МВП во победата на Јувентус У15

18 Јуни 2017

Откако пред два дена стана првак на Италија, струмичанецот Никола Секулов заедно со тимот на Јувентус У15, го освои и Суперкупот.

Младиот македонски талент постигна погодок во победата против својата поранешна екипа Парма (2:1). На крајот, поради одличната игра и голот, Секулов беше избран и за најдобар фудбалер на натпреварот.