Струмичанецот Никола Секулов стана шампион со Јувентус

17 Јуни 2017

Струмичанецот Никола Секулов се закити со злато во Италија откако со неговиот тим „Јувентус“ дојде до титула.

Фудбалскиот клуб „Јувентус“ У15 во натпреварот за трофеј го совлада „Интер“ (2:0) и стана шампион на „чизмата“. До титулата, „бјанконерите“ дојдоа на стадионот во Чезена.

Секулов настапува во средниот ред и се смета за голем талент во македонскиот фудбал. Тој настапува за младинските категории на македонската фудбалска репрезентација.