Марјан Даскаловски дел од управата на резерватот „Јасен“

17 Јуни 2017

Поранешниот претседател на Советот на општина Струмица и пратеник во претходниот Парламентарен состав, Марјан Даскаловски, е дел од новиот состав на Управниот одбор на шумскиот резерват „Јасен“, избран на вчерашната седница на Владата на Република Македонија.

Даскаловски е долгогодишен претседател на Ловното друштво „Беласица“ од Струмица, едно од најдобрите ловечки друштва во Македонија со 70-годишна традиција и искуство во грижата за унапредување на овој спорт, друштво кое се смета и за чувар на природата и на заштитата на животните во Струмичкиот регион.