Македонија (Струмица) - Азербејџан 3:0

16 Јуни 2017

Македонската одбојкарска репрезентација, предводена од струмичани, на чело со капитенот Никола Ѓоргиев, вечерва стартуваше со победа во Европската лига, во рамките од 1-то коло на „А групата“, победувајќи ја репрезентацијата на Азербејџан со резултат од 3:0.

Во нашата репрезентација, дури осум струмички одбојкари, браќата Никола и Ѓорги Ѓоргиеви, Владо Милев, Васил Михаилов, Александар Љафтов, Марјан Урдов, Филип Маџунков и Славе Наков, кои и освоија најмногу поени.

Во првата средба од оваа група чии натпревраи се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје, репрезентацијата на Албанија, иако губеше од Шведска со 2:0 во сетови, сепак во продолжението успеа да напрви пресврт и мечот го доби со 3:2, по сетови 15-25, 23-25, 25-23, 26-24 и 15-9.

Утре во дуелите од 2-то коло ќе играат Шведска – Азербејџан од 17:00 часот и Македонија против Албанија во терминот од 20:45 часот.