За два месеци поднесени над 200 пријави од струмичани до „Систем 48“

16 Јуни 2017

До општинскиот сервис „Систем 48“ во последните два месеца биле доставени вкупно 215 пријави, од кои решени и одговорени се 193 пријави - информираат од Општина Струмица. Останатите 22 пријави се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.

Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 112, од областа на собирање смет 30, водовод и канализација 40, паркови и зеленило 28, улици, патишта и тротоари 2 пријави, исто толку за општински инспекциски служби и една пријава за контакт оператор.

Од општинскиот сервис „Систем 48“ им се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и користењето на неговите услуги и истовремено апелираат за навремено пријавување на бесплатниот телефонски број 0800 1 48 48, за да можат општинските служби во предвидениот рок да интервенираат и да ги решаваат пријавените проблеми.