Вардар, Шкендија, Работнички и Пелистер ќе играат Лига Европа во Струмица

14 Јуни 2017

Струмица и дефинитивно ова лето ќе биде европски фудбалски град. Вардар, Шкендија, Работнички и Пелистер своите европски натпревари ќе ги играат во Струмица на стадионот „Младост“.

Иако Вардар и Шкендија имаа намера да играат надвор од Македонија, таа опција пропаѓа со оглед на тоа дека Комититет за итност на УЕФА, кој одлучува за вакви барања, нема да се состане во најбрзо време. Па затоа скопските и тетовските „црвено-црни“ ќе мораат да играат во Струмица. Што се однесува до Работнички и Пелистер, тие и онака сакаа да играат на „Младост“.

Македонските клубови мораа да барат алтернатива поради што „Телеком арената“ се чува за Суперкупот на 8 август, па така, „Младост“ е стадионот кој ги исполнува условите и критерумите на европската куќа на фудбалот.