Утре во Струмица Саем за вработување

12 Јуни 2017

Утре во Струмица, во периодот од 10:00 до 14:30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи Саем за вработување, на кој ќе се претстават 30-тина компании од Струмичкиот регион, кои ќе ги презентираат своите активности, но и потребите од работна сила.

На Саемот за вработување ќе бидат застапени компании од различни дејности, се со цел овозможување на богата понуда за што поголем број на профили и струки. На самиот Саем, невработени лица ќе можат да остварат и директни контакти со претставници на компаниите.

Инаку, преку Агенцијата за вработување во Струмица, над 11.000 лица од Струмичкиот регион се регистрирани во агенцијата како невработени. Од нив 3.000 се водат како активни баратели на работа, а останитете 8.000 се пасивни. Но, според Агенцијата за вработување во Струмица, оваа не е реалната слика, бидејќи многу од овие лица сепак и работат.