Без вода Босилово, Еднокуќево, Робово, Бориево, Турново, Радово и Секирник

12 Јуни 2017

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека во четврток, 15 јуни, во периодот од 09:00 до 21:00 часот, поради технички зафати на Филтер станицата „Иловица“, ќе биде прекинато водоснабдувањето кон сите домаќинства кои се приклучени на водоводниот систем на општина Босилово, односно населените места: Босилово, Еднокуќево, Робово, Бориево, Турново, Радово и Секирник.