Македонска вечер на струмичани во Софија

11 Јуни 2017

Утревечер во Музичкиот центар „Борис Христов“ во Софија, Бугарија со почеток во 18:30 часот, ќе се одржи „Македонска вечер“, на која ќе се претстават тројца струмичани.

Станува збор за уметниците Марјан Ѕин, Томе Велков и Ристе Велков, а носител на овој проект е првенецот во Македонската Опера и Балет, Ристе Велков, кој ќе се претстави со композиции од македонски автори, обработки на традиционални песни и неколку неаполитански песни. Баритонот Ристе Велков на пијано ќе го придружува Иван Еминовиќ, диригент во Македонската Опера и Балет. Поетот Томе Велков ќе интерпретира стихови од стихозбирката „Чудно време“, а ликовниот уметник Марјан Ѕин ќе биде претставен со 14 дела од циклусот „Порти“.