Трговците од соседните продавници им го блокираа тротоарот за продажба на „уличните продавачи“

10 Јуни 2017

По неколкумесечна пауза и постојан надзор на полицајци на тротоарот долж булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, „уличните продавачи“ повторно се појавија.

Трговците од дуќаните во „долгата зграда“ реагираат, па своите автомобили ги паркираат на тротоарот, не дозволувајќи им да ја узурпираат пешачката зона.

Велат дека друго решение немале, бидејќи одговорните попуштија и не превземаат мерки за да ги заштитат, но и да извршат дислокација на овие продавачи кои се постојан декор во центарот на градот по должината на булеварот „Маршал Тито“.

Уличните продавачи, по нивното, велат дека тоа им е единствен извор на егзистенција. Реагираат што трговците ги паркирале возилат на пешачката зона, каде ја изложувале својата стока оти немале каде.

Проблемот со уличната трговија со текстил во Струмица не е нов. Пазарната иснпекција тврди дека прават контроли, но за истите потребна е асистенција од полицијата, од каде најавија засилени контроли во наредниот период.