Мирјана Јанева шеф на кабинетот на премиерот Заев

05 Јуни 2017

Долгогодишната шефица на кабинетот на поранешниот градоначалник на Струмица Зоран Заев, сега премиер, Мирјана Јанева, ќе биде и понатаму негова „десна рака“ и ќе управува со премиерскиот кабинет на новата Влада на Република Македонија.

Јанева во кабинетот на премиерот Заев доаѓа од Општина Струмица, која уште од првиот градоначалнички ден на Заев во 2005-та година, таа е негов најблизок соработник и важи за човек од доверба.