Продолжен мандатот на градоначалниците и советниците, Локални избори во октомври

01 Јуни 2017

Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од продолжението на четвртата седница ги донесе измените на Изборниот законик со што се овозможи одржување на локалните избори во првата половина на октомври.

Со неговите замени се продложија мандатите на градоначалниците и советниците, но без да се чепка законот за локалната самоуправа, за што е потребно 2/3 мнозинство на што инсистираа дел од правните експерти.

Најголемата опозициска партија реши да не учествува на седницата поради инцидентот со нападот врз екс минситерот за здарвство, Никола Тодоров. Побараа седницата да се одложи, а колегите од СДСМ ги обвинија дека се индиректно виновни.